Поврзете се со нас

Италија

Гасперини по рекордната серија на Аталанта: Не сум задоволен

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Аталанта за првпат во својата историја победи на десет натпревари во низа во Серија А и истовремено тоа значи дека најмалку уште една рунда ќе дочекаат како лидери во италијанската елита.

Тимот од Бергамо се чинеше дека ќе биде размрдан од поразот кој го претрпе од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и на моменти делуваше дека е тоа така против Калјари, но гостите од Бергамо успеаја да го пронајдат патот до победата на Сардинија и славеа со минимални 0:1.

За првпат од своето постоење, Аталанта врза десет победи во низа во домашното првенство и постави клупски рекорд, но искусниот Џан Пјеро Гасперини не беше премногу воодушевен од изданието на неговите фудбалери против Калјари.

– Со оглед позицијата на табелата, имавме екстра мотивација да запишеме три бода и да одбраниме тенок резултат. На крајот од мечот, дефанзивците и играчите за врска навистина се потрудија да не примиме гол. Имавме среќа во некои ситуации и бевме спасени од Карнезеки, особено во првото полувреме.

– Го променивме системот на полувреме, почнавме да преземаме ризици и имавме повеќе контрола. Кога поведовме, не успевавме да бидеме повеќе мудри и да го користиме слободниот простор. Тоа е доказ дека ни недостасува зрелост. Калјари имаше опасни центаршутеви за реми, но успеавме да издржиме.

– Дали сме зрели за титула? Во овој момент не. Дел од тимот е зрел за таков потфат, но останатите треба да бидате водени од оние повозарсните. Победивме на 10 меча во низа, но ништо не се менува. Се уште мора да се подобруваме и да го следиме својот пат, – изјави Гасперини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни