Поврзете се со нас

Италија

Гасперини објасни што и е потребно на Аталанта за да биде кандидат за Скудетото

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Џан Пјеро Гасперини пред неколку дена го оствари најголемиот успех во досегашната тренерска кариера, тутула со Аталанта во Лига Европа.

Калчолигашот го надигра дотогаш непобедливиот тим на Баер Леверкузен со 3-0 и со тоа потврди дека поседува квалитет, знаење за големи работи, успеси.

Меѓутоа за нешто плус како што е пехарот во Серија А е потребно нешто повеќе и тоа добро го знае искусниот Гасперини кој објасни што треба да направи клубот од Бергамо за да биде кандидат за Скудетото.

-Ние сме на 25 бода од врвот на табелата, што е амбис. Скудетото е освоено со најмалку 90 бода, двапати освоивме 78 и оваа сезона ако се биде добро ќе го затвориме со 72. Тоа беше нашата цел досега.

-Да се додаде уште 15 не е лесно, дури и ако избегнеме уште неколку порази. За да го подобрите квалитетот и да победите, треба да изгубите економски, а Аталанта не може тоа да си го дозволи.  Ги продаваме нашите играчи и ако го продадеме Копмајнерс, не е лесно да се најде друг. Со продавање не се засилувате, вие обновувате. Тимовите кои ќе го освојат Скудетото го надополнуваат тимот, тие не ги отстрануваат најсилните играчи, -порача Џан Пјеро.

Аталанта е позната по тоа што секоја година продава многу играчи, а летово можат да си заминат играчи како Копмајнерс, Едерсон, Лукман…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни