Поврзете се со нас

Италија

Гасперини најави разделба со Аталанта

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта веќе со години е меѓу најдобрите италијански екипи и под водство на Џан Пјеро Гасперини често обезбедуваше и излез во Европа, но се чини дека оваа сезона може да донесе крај на една ера.

По вчерашниот пораз на дербито со Интер, Гасперини признал пред медиумите дека постои простор за негово заминување од Бергамо.

– Луѓето мислеа дека сме готови, но ние уште еднаш покажавме дека сме конкурентни и остануваме блиску до големите клубови. Од оваа перспектива, пласманот во Лига Европа би бил голем успех.

– Што се однесува до мојот статус, останува да видиме, бидејќи очигледно е дека има разлики во проценките.

– Некој смета дека Аталанта е екипа која треба да игра во Лигата на шампионите, а на секој тренер би му било тешко да се носи со вакви очекувања. Во фудбалот може да имате различни ставови и визии, го почитувам поинаквото мислење, но не знам дали ќе постигнеме договор за продолжување на соработката, – изјавил Гасперини.

Аталанта е на петтото место со бод повеќе од Рома и два бода повеќе од Јувентус, кој вечерва го игра дербито со Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни