Италија
Гасперини наброја три очигледни грешки со кои Интер добил голема помош за пласман во финалето (Видео)
Интер уште еднаш се покажа како „слаба точка“ за Аталанта и италијанскиот првак одново ја надигра „Ла Деа“, а победата од 2:0 значеше дека тимот на Симоне Инѕаги се пласираше во финалето на Суперкупот.
Натпреварот во Ријад уште еднаш ни покажа дека Интер е „пеницилин“ за разиграниот тим на Џан Пјеро Гасперини, но искусниот стручњак беше доволно лут по новиот пораз, па наместо да му честита на ривалот, реши причина за поразот да бара кај судиите.
Тренерот на Аталанта смета дека арбитрите во неколку наврати директно му помогнале на Интер да оствари позитивен резултат, а за него клучен бил првиот гол кој го постигна Дензел Дамфрис по непостоечки корнер.
– Не е лесно да креирате шанси против Интер, тие се многу добар и компактен тим, но овој натпревар целосно се промени со апсурдниот гол кој пристигна по непостоечки корнер.
– Едно е што не беше корнер, второ е што Стефан Де Вриј беше во офсајд поради тоа што стоеше пред нашиот голман, а згора на се, имаше прекршок од Дамфрид врз Скалвини, тој го бутна со две раце.
– Со вакви смешни одлуки, покажавме дека Италија многу лошо го применува ВАР системот. Седум минути го проверуваа моменетот кога ни поништија гол, но затоа не видоа ниту една од трите чисти ситуации кои ги напоменав, – изјави Гасперини.
-
Италија19 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
Европски првенства23 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
АТП18 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Италија8 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Шпанија22 часа
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Шпанија23 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
Англија17 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него