Поврзете се со нас

Италија

Гасперини и се намерачи на уште една ѕвезда на Аталанта: Позната судбината на Јосип Иличиќ

Објавено

на

blank

Стратегот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини беше во центарот на вниманието на натпреварот против Реал Мадрид кога  во финишот од натпреварот го извади еден од своите најдобри фудбалери, Јосип Иличиќ за во игра да стави подефанзивен играч.

Интересно е тоа што Иличиќ влезе во игра на оваа средба само 30 минути претходно и разбирливо не го прифати најдобро таквиот потег на Гасперини, па јавно негодуваше.

Нивната меѓусебна препирка продолжи и викендов кога Гасперини се одлучи да го остави на клупа словенечкиот интернационалец за натпреварот со Сампдорија.

Во медиумите изминатиов период се крена голема прашина, а дел од нив потенцираа дека Иличиќ ќе го следи патот на Алехандро Пау Гомез и ќе си оди од клубот.

Сепак, сега се појавија информации дека Иличиќ и дефинитивно ќе остане во редовите на Аталанта и покрај несогласувањата со тренерот, Џанпјеро Гасперини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни