Италија
Гасперини му одговори на Фонсека, но и на навивачите на Аталанта: Ќе ги оставиме да пејат што сакаат!
Аталанта ја продолжи својата импресивна серија на резултати и стигна до деветта победа во низа во сите натпреварувња, но севкупно гледано, тимот од Бергамо не знае за пораз цели 14 меча.
Момците на Гасперини вчера најдоа решение и за Милан и го добија регионалното дерби со 2:1, а бидејќи по натпреварот пристигнаа остри критики за судискиот критериум од Пауло Фонсека, тренер на Аталанта не можеше да остане нем на ваквите заклучоци.
Португалецот жестоко се бунеше за голот на Де Кетелар во дуелот со Тео Ернандес, но Гасперини не гледа ништо спорно во дуелот кој му припадна на неговиот играч.
– Ако зборовите на Фонсека се обид да се зборува за нешто друго и да се одвлече вниманието од натпреварот, тоа е негово право и може да каже што сака. Според мене, голот на Де Кетелар беше извонреден скок во дуел игра и нема ништо сомнително. Не се сеќавам на други инциденти за кои тој вели дека се спорни, можеби имаше само некои доделени аути. Јас повеќе би се фокусирал на нашите перформанси, отколку на играта на Милан. Можеби сум пристрасен, но сметам дека апсолутно сме заслужени победници на овој натпревар, – изјави Гасперини, кој имаше и порака за навивачите на Аталанта кои сонуваат за Скудето и кои веќе во 15-то коло почнаа да пејат дека титуалта ќе дојде во Бергамо.
– Никогаш не се случило во Бергамо да се пеат вакви песни после 15 натпревари, но им порачувам на навивачите на продолжат да го прават тоа што сакаат. Никогаш не сме биле на врвот на табелата во овој дел од сезоната, па им оставаме на фановите да уживаат во тоа. Жителите од Бергамо ги држат цврсто нозете на земја, не земаат ништо здраво за готово. Ако бидеме на ова место и по 20 натпревари отсега, тогаш ќе биде поинаку. Навивачите се радуваат на актуелната ситуација и јас не можам да им забранам ништо. Нека продолжат како што мислат дека е најдобро, – изјави Гасперини.
-
Светски првенства11 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија21 час
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Англија22 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Шпанија23 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ за своите испади на теренот: Свесен сум дека не се претставувам себе на најдобар начин
-
Италија12 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства13 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија