Поврзете се со нас

Италија

Гасперини конечно се ослободи од Гомез, но ги закопа „воените секири“: Му посакувам се најдобро во новиот клуб

Објавено

на

blank

Папу Гомез на доста неславен начин става крај на својата авантура во Аталанта, клуб во кој ги мина убедливо најубавите години во својата кариера, но и средина во која доби почит од цела италијанската, но и светска спортска јавност.

На стартот на неговата седма година во Бергамо, стана јасно дека за Аргентинецот повеќе нема место во првиот тим на Аталанта, откако капитено влезе во жесток конфликт со тренерот ЏанПјеро Гасперини, од кој очигледно немаше враќање назад, без оглед на статусот кој го имаше во првиот тим.

Одговорните лица во клубот застанаа зад тренерот и му порачаа на фудбалерот дека е слободен за правење трансфер, па иако првично се сметаше дека за неговиот трансфер ќе се борат Интер и Милан, на крајот Папу завршува во Севилја, откако фантастичниот Мончи успеа да го убеди во проектот на клубот од Андалузија.

– Тажен сум што го напуштам Бергамо после толку години, но среќен сум што стартувам нова авантура во која ќе треба доста да научам. Би го повторил сето она што го направив во Аталанта од првиот ден, направивме историја со клубот. Аталанта сега е дел од најдобрите во Европа. Зборев со директорите и Гасперини, им посакувам се најдобро, дури и на Гасперини, – изјави Папу Гомез кој веќе пристигна во Севилја и во исчекување на медицинските прегледи, ќе биде официјално промовиран како големо засилување.

– Гомез и даде многу на Аталанта, навистина многу. Ни помогна да растеме, сега тимот може да продолжи да оди напред и без него. Му посакувам само најдобро, оди во многу силен тим кој игра во Лигата на шампионите. За него ова ќе биде фантастично искуство, навистина му посакувам најдобро, – порача Гасперини, јасно алудирајќи дека сепак ги закопале „воените секири“ со Папу и одлучиле да се разделат како што доликува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни