Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гасперини ја почувствува горчината на фудбалот против ПСЖ: Мурињо беше во право за ЛШ!

Објавено

на

ЏанПјеро Гасперини беше на прагот од историски подвиг со неговата Аталанта и се чинеше дека италијанската „Божица“ е на чекор од нестварен успех против ПСЖ, но така не мислеа ѕвездите на францускиот првак кои цели 90 минути не постигнаа гол, а потоа дадоа два во период од 180 секунди.

ПСЖ направи неверојатен пресврт во судиското надополнување и ги фрли на колена играчите на Аталанта, па така сонот кој го градеа цели 90 минути, на крајот беше урнат во неполни три минути.

Гасперини и неговите играчи на најболен можен начин ја почувствуваа цела горчина која може да ја предизвика фудбалската игра, па обидувајќи се да сумира што се случи во последните минути во Лисабон, искусниот струњак се потсети на една изјава на Жозе Мурињо.

– Најмногу жалам за тоа што бевме толку блиску и мислевме дека ќе го оствариме тој неверојатен успех, мислевме дека сме блиску до полуфиналето. Сатисфакцијата останува за цела сезона во Лигата на шампионите, константно се подобрувавме против најдобрите тимови во Европа. Сепак, разочарувачки е тоа што бевме толку блиску. Можевме да примиме гол порано, факт е дека Нејмар и Мбапе ги вратија во живот. Ќе беше подобро да примиме гол порано, вака боли повеќе, – призна Гасперини и додаде.

– Лигата на шампионите е многу специјално натпреварување. Пред извесно време, прочитав што има кажано Мурињо за ова натпреварување. Вели дека ова е натпреварување на ситни детали. Тој е во право. Деталите одлучуваат кога еден натпревар е исклучително избалансиран и израмнет. До 90-та минута имавме водство, имавме шанса за 2:0 преку Џимшити, но на крајот деталите беа на нивна страна, – додаде тренерот на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни