Поврзете се со нас

Италија

Гасперини и Лукман режираа неочекувана сцена во историската победа над Јуве (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Аталанта оствари историска победа над Јувентус и стана првиот тим кој потигнал четири голови на едно гостување во Торино во последните 58 години, достигнување кое беше проследено со атрактивен и доминантен фудбал од избраниците на Џан Пјеро Гасперини.

Искусниот стручњак уживање во изданието на своите миленици и едноставно го откажа Јувентус од битката за Скудетото, во која во овој момент остануваат само три екипи.

Аталанта љубоморно го следи чекорот на Интер и Наполи и заостанува само три бода од врвот, па иако во последно време имаше неколку кикса на домашен терен, вчера покажа дека и натаму може да се смета за кандидат за највисок пласман.

Убедливата победа од 0:4 беше проследена и со една интересна ситуација во 80-та минута, или поточно во моментите кога Адемола Лукман излегуваше од игра.

После турбуленциите кои ги имаа во изминатиот период, дефинитивно никој не очекуваше пријателска и емотивна прегратка меѓу Гасперини и Лукман, но откако тоа се случи во Торино, тренерот на Аталанта најави дека следна награда за Нигериецот ќе биде носење на капитенската лента.

– Кога една група минува 300 денови заедно во годината, можно е да дојде до ситуации кога двајца имаат различни мислења и различни гледишта.

– Лукман стана фантастичен играч која ја промени својата перцепција. Кога дојде тој имаше поиндивидуален пристап, а сега ја подобри својата перцепција и мисли за тимот. Тој ја направи Аталанта голем тим, а и Аталанта го направи него голем играч. Убеден сум дека може да стане и капитен на некој натпревар до крајот на сезоната, – најави Гасперини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни