Италија
Гасперини ги погоди измените на „Олимпико“, Аталанта ќе ја отвори 2025. година како лидер во Серија А (Видео)
Аталанта останува првопласирана за крај на 2024-та година во Серија А и новата 2025-та ќе ја почне од највисокото скалило во италијанскиот фудбал, пред се благодарение на голот кој го постигна Брешианини во самата завршница од дерби средбата на „Олимпико“.
Популарната „Ла Деа“ беше на прагот да го претрпи првиот пораз на последните 12 натпревари во домашното првенство, но после 11 победи, добра вест сигурно е тоа што пристигна барем реми.
Лацио имаше предност во дербито со голот на Деле Баширу кој беше постигнат уште во 27-та минута, па иако домаќините имаа најмалку две контри да постигнат и втор погодок, Аталанта беше таа која повеќе напаѓаше во вториот дел.
Гасперини ги искористи сите ресурси и стави во игра фудбалери кои можат да променат нешто на теренот, а токму Ѕаниоло и Брешианини беа клучни за израмнувачкиот гол.
Николо врати во игра една топка која изгледаше дека не е во опасна зона, па со тоа ја измами комплетната одбрана на Лацио и го проигра Лукман.
Напаѓачот беше несебичен и го проигра Брешианини кој израмни на 1:1 во 88-та минута, што воедно значеше дека Аталанта ќе остане непоразена и ќе го одбрани првото место на табелата.
Тимот на Гасперини ја завршува 2024-та година со 41 освоен бод, еден повеќе од Интер кој има натпревар помалку, односно три повеќе од Наполи кој утре игра против Венеција.
-
Светски првенства14 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП12 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства23 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Шпанија24 часа
Ханси Флик: Ова е навистина неверојатно, секој натпревар ни се случува истото (Видео)
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн