Поврзете се со нас

Италија

Гасперини донел одлука за својата иднина, на Наполи му преостанува само една реална опција

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

ЏанПјеро Гасперини во средата го оствари најголемиот успех во неговата тренерска кариера и го освои најважниот трофеј, но уште од Даблин најави дека наредниве денови ќе мора да донесе одлука за својата иднина.

Искусниот стручњак призна дека се наоѓа пред крстопат и илустративно долови дека има понуда од друг клуб, потенцирајќи дека се наоѓа во ситуација кога е во среќен брак од кој се родиле и деца, но во меѓувреме запознал многу убава и атрактивна жена.

Гасперини на нависитна интересен начин ја опиша понудата која ја добил од Наполи, но по три дена разговори со првиот човек на Аталанта, донел одлука која ќе го израдува цел Бергамо.

Угледните италијански медиуми ова попладне информираат дека Гасперини му потврдил на Антонио Перкази дека ќе го продолжи договорот со Аталанта, според кој неговиот престој во првиот тим ќе достигне една декада.

Ова истовремено значи дека Наполи ќе мора да се сврти кон други опции на трансфер пазарот, а во моментов најреална опција е Антонио Конте кој веќе некое време е на радарот на Аурелио Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни