Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гасперини: Барселона е најдобриот израз…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Аталанта е на седмото место пред денешното последно коло од групната фаза во Лигата на шампионите, коло во кое калчолигашот и гостува на Барселона каде ќе треба да оствари позитивен резултат ако сака директен пласман во осминафиналето со оглед на жестоката конкуренција и изгледот на табелата.

Разликата меѓу нив и Селтик кој е дури на 18 место е само два бода што доволно говори за тоа каква е ситуацијата, неизвесноста која не очекува оваа вечер од 21 часот. Тренерот Џан Пјеро Гасперини се радува на предизвикот и фактот дека конечно неговиот тим ќе игра против Барселона.

-Ни недостигаше еден од великаните во Европа и секогаш сум ги сметал за најдобар тим. Соочувањето со толку голем тим ќе ни овозможи да видиме колку сме конкурентни и да видиме дали нашиот начин на игра може да им наштети. Барселона е најдобриот израз на шпанскиот фудбал.

-Не беше само Меси во минатото, туку и остатокот од тимот. Тоа беше неверојатен состав. Но денешниот тим на Флик е многу добар тим. Тој го гради на поинаков начин. Дури и да се сменат имињата, Барселона секогаш игра добро и идентификува многу млади таленти. Тие се врвниот израз на шпанските тимови, секогаш излегуваат неверојатни и многу млади таленти, -истакна искусниот Гасперини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни