Лига на шампиони
Гасперини: Аталанта фаворит против Реал? Не треба да се заразиме од убавите зборови
Џан Пјеро Гасперини вторпат во неколку месеци ќе подготвува натпревар против Реал Мадрид, бидејќи после поразот во финалето на европскиот Суперкуп во Варшава, Аталанта сега доби шанса за реванш на домашен терен.
Лидерот во Серија А игра во неверојатна форма и врза девет победи во низа во сите натпреварувања, па затоа со максимална доверба го пречекува Реал на домашен терен, и во ситуација кога на „кралевите“ им гори под нозе.
Тимот на Карло Анчелоти е 24-ти на табелата во Лигата на шампиони и мора да брка победа во Бергамо, без оглед на тоа што за многумина Аталанта е фаворит во овој дуел поради формата, но и поради повредените играчи во тимот на Карло Анчелоти.
– Аталанта фаворит против Реал Мадрид? Мислам дека ниту еден тим во светот не е фаворит против Реал. Ние само знаеме дека ова е супер важен натпревар за нас, ќе играме на домашен терен против најпрестижниот и најтрофејниот тим во светот. Коментарите кои доаѓаат отстрана не треба да влијаат врз нас.
– Не треба да се заразиме од позитивните и убавите коментари за нашата игра, не смееме да заборавиме дека Реал Мадрид е многу добар тим. Да се каже дека ние сме подобри од нив, тоа е класично преминување на границата на нормалното. Не сакаме да навлегуваме во такви игри, – изјави Гасперини.
-
Светски првенства22 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија23 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Италија19 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Светски првенства9 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства10 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија9 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Англија14 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Македонија22 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…