Поврзете се со нас

Шпанија

Гаспарт за одлуката на Меси: Тој се стави на исто ниво со Ди Стефано, не ме интересира…

Објавено

на

Некогашниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт даде свој коментар за одлуката на Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“ и во наредната натпреварувачка сезона.

Драмата околу тоа дали Лео ќе продолжи со каталонците траеше во изминативе неколку недели, клубот на чело со Бартомеу не сакаше да попушти и му даде зелено светло на Аргентинецот за напуштање на Барселона за да на крајот напаѓачот се реши да остане во екипата и за кампањата 2020-2021.

Кога ќе се врати на тренинзите на екипата се уште не е познато, па во меѓувреме се уште има реакции за неговиот потег, а во таа група на коментатори е и Гаспарт.

-Не ми е гајле што кажа во изјавата. Не ми е гајле – тоа што ми е важно е што тој останува. Тој се стави на исто ниво како [Алфредо] Ди Стефано во Реал Мадрид. Како започнуваат проблемите, не е важно. Она што е важно е како се решаваат и јас сум воодушевен што тој не сака да се бори со клубот. Клубот се состои од 160.000 луѓе и тие мора да бидат благодарни за тоа што го има направено, -истакна Гаспарт за Радио Марка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни