Поврзете се со нас

Шпанија

Гаспар обелодени како „предавникот“ Фиго ја изиграл Барселона

Објавено

на

Жоан Гаспар победи на претседателските избори во 2000-та година и го наследи мандаторското столче, а непосредно пред да се реорганизираат структурите на „Камп Ноу“, во центарот на вниманието се најде Луиш Фиго.

Најголемата ѕвезда на Барселона во првите денови на Гаспар направи предванички трансфер во најлутиот ривал Реал Мадрид, премин кој и ден денеска не можат да му го простат големите фанатици на каталонскиот гигант, особено ако се знае каков значење имаше за тимот.

Фиго во повеќе наврати има откриено дека бил во незавидна ситуација поради преддоговорот кој го потпишал со Флорентино Перез, а сега Гаспар долови каква била неговата прва бурна ноќ како претседател на Барса.

– Ноќта кога бев избран за претседател, најдобриот играч во шпанскиот фудбал, Луис Фиго отиде во Реал Мадрид. Тоа беше убиствена игра, ноќна и многу паметна од мојот пријател Флорентино Перез. Не почнав на добар начин, – се потсетува Гаспар и додава.

– Фиго беше предваник, си поигра и со мене. Истата таа ноќ, ми се јави и ми порача. Жоан, имам два билети. Еден оди во Мадрид и еден за Барселона. Му реков дека ќе го барам на аеродромот. Ми порача дека неговиот агент потпишал документ со Реал Мадрид. Ако не потпише со нив, требаше да платиме 500 милиони пезети за да остане со нас. Ми рече дека нема да не остави на цедило, но само ако Барселона ја плати таа сума. Беше два часот по полноќ, му дадов гаранција дека ќе платиме, а тој следниот ден беше во Мадрид, – порачува Гаспар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни