Поврзете се со нас

Свет

Гасол за (не)очекуваната одлука: Ова враќање е повеќе од давање на кошеви

Објавено

на

Марк Гасол повеќе од една деценија беше дел од најсилната лига на светот НБА каде успеа и да дојде до шампионски прстен со Торонто Репторс во 2019 година.

По успешната епизода во таборот на „рептилите“ тој играше и за ЛА Лејкерс, клуб со кој одлучи да ја прекине соработката и да се врати во својата земја. Многумина сметаа дека ќе се врати во Барселона, но на крајот неговата одлука беше да заигра за Џирона каде воедно е сопственик и претседател.

Таа негова одлука некого изненади, некого не, па самиот Марк се одлучи да проговори на темата и да го објасни потегот кој го направи.

-Оваа одлука оди подалеку од очигледниот романтизам. Тоа е исто така дел од проектот што го започнавме пред седум години. Беше тешко да се каже не. Тоа е комбинација од се. Сакам да уживам во ова искуство и да им го пренесам на соиграчите и навивачите. Се обидувам да дадам пример за да ги пренесам вредностите на спортот. Ова оди подалеку од постигнувањето кошеви, -рече Гасол.

Инаку Џирона игра во втората шпанска лига, па Марк се надева дека со добри игри ќе се вратат во елитата.

Оние што велат дека сме кандидати за влез во АЦБ е непознавање на лигата. ЛЕБ е силна лига и има проекти кои постојат многу долго и добро функционираат. Не е лесно. Ќе бидеме тим кој игра добра одбрана и има добар проток на топка. Ќе победуваме и ќе бидеме на врвот, -истакна Шпанецот кој пред да замине во НБА настапуваше токму за Џирона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни