Поврзете се со нас

НБА

Гасол за неговата иднина: Лејкерс? Тоа не би било лошо, меѓутоа…

Објавено

на

Пау Гасол веќе одредено време нема никаков клупски ангажман, но славниот центар не сака да ја заврши кариерата, поточно неговата желба е тоа да го направи на Олимписките Игри во Токио кои се на програмата оваа година.

Секако за да добие место во националниот тим мора да се врати во форма, да покаже дека повредата е надмината. Медиумите често го поврзуваат со можен кам-бек во ЛА Лејкерс, тимот со кој има освоено две титули, тимот во кој сега настапува неговиот брат Марк.

Гасол не ја отфрла таа можноста, ама во моментов сака да дојде до позиција во која ќе биде 100 процентно фит и подготвен.

-Лејкерс? Секако, тоа не би било лошо. Ама зависи од фактори што не можам да ги контролирам. Претпочитам да се фокусирам на секојдневната работа за да ја надминам повредата на ногата. Откако ќе го постигнам ова, сè што дојде ќе биде посебно, -вели Пау за „Ла Република“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни