Поврзете се со нас

Свет

Гасол се враќа во клубот во кој ја започна кариерата

Објавено

на

Шпанската кошаркарска легенда, Пау Гасол е на добар пат да се врати во Европа и тоа во клубот во кој ја започна својата професионална кариера Барселона.

Гасол од 2001 година настапува во НБА лигата, играше за Мемфис Гризлис, ЛА Лејкерс, Чикаго Булс, Сан Антонио Спарс и Милвоки Бакс, но сега се отвара можност да се врати дома во Шпанија и тоа во Каталонија.

Според повеќе извори меѓу кои и специјализираниот сајт за кошарка „Еурохупс“, центарот е во напредни преговори со Барселона и во текот на летово треба да дојде до официјализирање на соработката. Се работи за едногодишен договор со кој Гасол ќе остане активен и наредната година на ОИ во Токио ќе може да и стави крај на блескавата кариера.

Да потсетиме нов тренер на Барселона е Шарунас Јасикевичиус кој пристигна на местото на Светислав Пешиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни