Поврзете се со нас

Свет

Гасол се враќа дома и ќе игра за клуб од втората шпанска лига

Објавено

на

Искусниот шпански центар, Марк Гасол нема повеќе да настапува во НБА лигата и како што беше најавено се враќа дома во својата татковина за да биде поблиску до неговото семејство.

Тој од Лос Анџелес Лејкерс беше испратен од Мемфис Гризлис, меѓутоа помладиот од браќата Гасол ќе го раскине договорот и според медиумите на Пиринеите веќе се знае кој ќе биде неговиот нов клуб. Иако многумина можеби очекуваат тоа да биде Барселона тоа нема да се случи и тој ќе потпише за Џирона.

Џирона е тим за кој Марк играше во периодот од 2006 до 2008 година пред да замине во НБА лигата. Интересно е тоа што тој е и сопственик на овој клуб кој се натпреварува во втората шпанска лига.

Гасол има 36 години и со неговото знаење, квалитет ќе биде исклучително засилување за Џирона во обидот да се врати во највисокиот кошаркарски ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни