Поврзете се со нас

Евролига

Гасол: Се надевам Коби ќе ме гледа

Објавено

на

Барселона го победи тимот на Олимпија Милано и по долга пауза ќе има можност да дојде до пехарот во Евролигата.

За да се случи тоа каталонците ќе мора да го добијат Анадолу Ефес што дефинитивно ќе биде тешка мисија, но финалето е специјален меч, решаваат детали, моменти на испирација, искуство што дефинитивно го има ветеранот Пау Гасол.

Гасол добро знае како се освојуваат титули како во Европа така и во НБА лигата, па се надева дека уште еднаш ќе може да се израдува на голем трофеј. Во пресрет на дуелот Шпанецот не заборави да го спомение ниту Коби Брајант со кого имаше одлича соработка, пријателство, човек кој има нестварен победнички менталитет.

-Коби играше најдобро што можеше во секое време. Тој секогаш беше свој до последниот натпревар. Се обидувам да бидам свој, но во исто време да го сторам она што треба, да им помогнам на тренерот и на соиграчите. Само тоа сакам. Тој беше еден од најголемите на сите времиња, за мене најголемиот. Се надевам  ќе не гледаат, -истакна Пау.

Дуелот за пехарот меѓу Анадолу Ефес и Барселона се игра утре од 20:30 часот во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни