Гасол се фати за глава: Лаури ја даде најлудата тројка во оваа сезона (Видео)

kajl lauri

Актуелниот НБА шампион, Торонто Репторс оствари рутинска и убедлива победа над Вашингтон Визардс од 140-111 што за нив беше 27 во актуелнава кампања.

Со оглед на доминацијата на домаќините доста играчи добија шанса и се запишаа во листата на стрелци, но дефинитивно потегот, кошот на средбата го имаше искусниот плејмејкер Кајл Лаури кој погоди една навистина луда тројка со која ги запали соиграчите, а некои од нив како Марк Гасол се фатија и за глава затоа што не можеа да поверуваат како топката заврши во мрежаа.

Лаури се обиде да изнуди прекршок и ја исфрли топката на чуден начин, но за негова среќа и на Торонто истата заврши на посакуваното место.

Facebook Коментари