Поврзете се со нас

НБА

Гасол откри зошто Коби го викал „Пабло Ескобар“

Објавено

на

Легендарниот шпански кошаркар, Пау Гасол обелодени зошто неговиот поранешен соиграч Коби Брајант имал специфичен прекар за него, поточно го нарекувал Пабло Ескобар.

Ескобар е еден од најпознатите нарко дилери, човек кој важел за крал на кокаинот, но прекарот кој Коби му го дал на Гасол нема никава врска со дрогата.

-Коби секогаш се обидуваше да го исфрли мојот внатрешен оган и затоа ме викаше Пабло поради Пабло Ескобар…Не затоа што тој бил шверцер на дрога, туку заради тој убиствен инстинкт. Да ми помогне да ја добијам таа агресивност, -вели Пау кој со заедно со Барајант освоија две шампионски титули во Лос Анџелес Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни