Гасол откри како дознал за трагедијата на Коби: Возев накај дома, сопругата ми зборуваше две минути….

kobi-gasol

Трагичната смрт на Коби Брајант ја зави во црно кошаркарска Америка и ги расплака сите искрени љубители на НБА лигата, вклучувајќи ги и големите ѕвезди кои со денови се појавуваа со насолзени очи на терените кога му се оддаваше чест на кошаркасркиот великан.

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс прерано го загуби својот живот во страшната хеликоптерска несреќа во која загинаа уште осуммина (меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка), а еден од оние кои имаше специјален однос со „црната мамба“ беше фантастичниот Шпанец Пау Гасол. Центарот кој мина незаборавни сезони во друштво на Коби отпатува во Лос Анџелс од родната Шпанија за да биде блиску до семејството на Коби, а сега за првпат откри како дознал за трагедијата на неговиот пријател кој го сметаше за постар брат.

– Се враќавме од кошаркарски натпревар во Барселона и бевме на три километри од мојот дом. Јас возев, а мојата сопруга почна да чита вести дека Коби Брајант погинал во хеликоптерска несреќа. И стигаа пораки на телефонот, а потоа видов и ужасни фотографии. Сопругата ми зборуваше две минути додека возев, а јас не изустив ниту збор, се обидов да сфатам што се случува. Кога стигнавме дома, влегов и почнав да плачам. Не излегував со денови, со денови не можев да зборувам со никого, зборував само со директорот на Лос Анџелес за да го прашам што се случило. Не излегов од дома, се додека не морав да одам на доктор за да го проверам стапалото. Откако го завршив тоа, пристигнав тука со авион, сакав да бидам блиску до неговите, блиску до Ванеса кој не можам да опишам низ каква болка минува, – објаснува Гасол за „Лос Анџелес Тајмс“.

Facebook Коментари