Поврзете се со нас

НБА

Гасол ја заврши приказната со Лејкерс и се враќа во Шпанија

Објавено

на

Искусниот шпански центар, Марк Гасол повеќе не е дел од екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Тој е испратен во Мемфис Гризлис како дел од размената во која „мечките“ добија и пари, плус вториот пик на драфтот во 2024 година, додека пак „езерџиите“ во оваа зделка ги добија правата над Ванг Желин.

Со ова завршува приказната на Марк со Лејкерс, но и со НБА лигата затоа што според информациите тој спогоддбено ќе се раздели со Мемфис затоа што сака да остане во татковината. Останува прашањето која е идејата на Марк, дали можеби ќе стави крај на кариерата или пак ќе потпише за Барселона или Џирона за која настапуваше од 2006 до 2008 година.

Инаку помладиот од браќата Гасол во својата кариера има извонредни успеси како на репрезентативен така и на клупски план.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни