Поврзете се со нас

Англија

Гаскоњ проговори за кошмарното попладне кое му го приредил на младиот Рој Кин: Му ја спомнав и сопругата…

Објавено

на

Пол Гаскоњ беше најголема англиска фудбалска ѕвезда при крајот на 80-те и почетокот на 90-те години на минатиот век, но покрај фудбалското знаење, беше препознатлив и по својот проблематичен карактер кој често знаеше да му донесе кавга на теренот.

Гаскоњ беше вистинска напаст за противничките дефанзивци и водеше жестока битка на теренот, но во последното интервју за „Дејли меил“, открива дека се обидувал да го заплаши фудбалерот кој во наредните години се претвори во негов наследник на тернеот кога е во прашање жестината и пожртвуваната игра.

Популарниот Газа обелоденува дека му посакал „топло добредојде“ на Рој Кин во Премиер лигата, нагласувајќи му дека тој ќе биде неговиот најголем кошмар во 90-те минути кои заедно ќе ги минат на теренот.

– Кога првпат играв против Рој Кин на почетокот на 90-тите, ми велеа дека тој ќе биде новото цврсто момче од соседството. Кога ми го кажаа тоа, тој ми беше мета и уште во тунелот му порачав: Добредојде за твојот најголем кошмар во животот. Му зборував цели 90 минути постојано бев крај него.

– Се сеќавам и дека му реков дека ќе излезам со неговата сопруга. Тој ми рече дека не е оженет, а јас му велев дека една девојка го гледа постојано на трибините. Тој погледна на трибината, а јас му избегав со топката, – открива Гаскоњ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни