Поврзете се со нас

АТП

Гаске одигра извонреден прв сет, па физички се распадна во дуелот со Алкарас (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

По минатогодишната пауза, Карлос Алкарас се врати на Аустралијан Опен и успешно го отвори новото патување, славејќи победа во максимални три сета против ветеранот од Франција.

Ришар Гаске цели 20 години настапува на тенискиот грен слем во Мелбурн, а и денеска понуди дел од својата магија, особено во првиот сет во кој играше извонредно.

Францускиот тенисер сериозно го тестираше Алкарас кој првпат настапи на Аустралијан Опен после две години, но извонредниот прв сет сепак не беше доволен за да се скрши младиот Шпанец.

Исцрпувачкиот прв сет траеше повеќе од еден час и му припадна на Алкарас со 7:5 во тајбрејкот, а од тука почна победничкиот ритам на Карлос кој профитираше и од огромнит пад на Гаске.

37-годишниот ветеран физички се распадна и освои само три гејма во наредните два сета, па Алкарас со 7:6, 6:1 и 6:2 се пласираше во втората рунда на грен слемот во Австралија. Противник во оваа рунда ќе му биде Италијанецот Лоренцо Сонего.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни