Поврзете се со нас

АТП

Гаске го реши Медведев и дојде до неверојатен рекорд (ВИДЕО)

Објавено

на

Ветеранот Ришар Гаске направи изненадување и го совлада Данил Медведев со 2-0 во сетови на АТП турнирот во Женова.

Французинот славеше со 6-2 и 7-6(5) и на тој начин дојде до еден неверојатен рекорд, учинок кој ќе го памети до крајот на кариерата, животот. Имано сега искусниот Гаске има забележано триумф над секоја позиција во Топ 100 на АТП листата.

Медведев е втор светски рекет што за Ришар е најголем триумф од 2005 кога славеше над Роже Федерер (прв носител) на Мастерсот во Монте Карло.

Гаске во кариерата има освоено 15 титули, своевремено беше седми во светот, а три пати играше во полуфиналињата на грен слем турнирите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни