Поврзете се со нас

АТП

Гаске: АТП е катастрофа, Ѓоковиќ не е претседател на Србија

Објавено

на

Еден од најдобрите француски тенисер, Ришар Гаске беше директен и испрати порака во однос на однесувањето на АТП, но и до оние кои го критикуваа Новак Ѓоковиќ за организацијата на Адрија Тур.

Тенисот треба да се врати во август со АТП турнирот во Вашингтон, но тоа останува под знак прашалник.

-АТП е катастрофа. Тие не кажуваат ништо на играчите, како да се едноставно презаситени. Ништо не се кажува на конференциите на Зум, па јас и не присуствувам, -истакна Ришар кој потоа се осверна на Ник Кирјос и критиките кон Ѓоковиќ и останатите колеги.

-Сите знаеме што вели Кирјос, но не е важно. Никој не е совршен, никој не е таму да им држи лекции на другите. Не ми се допаѓаат момците кои го критикуваа Ѓоковиќ, сега е лесно тоа да се направи. Има влада во Србија која воспоставува правила, Ѓоковиќ не е претседател на земјата, луѓето над него донесоа одлуки и тој не е единствениот што е виновен,-заврши Гаске.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни