Поврзете се со нас

Свет

Гарсија: Само еден играч го повтори тоа што го правеше Роналдо

Објавено

на

Сегашниот преводник на шпанскиот прволигаш Селта Виго, Оскар Гарсија најголемиот дел од својата кариера како професионален фудбалер ја мина во Барселона каде своевремено можеше да соработува со многу познати имиња меѓу кои и легендарниот Луис Назарио Де Лима Роналдо.

Роналдо за многумина е најдобриот напаѓал на сите времиња, играч кој можеше и да биде најголем на сите времиња ако неа неколкуте лоши повреди во кариерата. Колку Бразилецот бил добар, но и во исто време скромен обелодени токму Гарсија за „Марка“.

-Имав среќа што бев многу блиску до него за некои од неговите голови, видов колку брзо се движи, дури беше тешко да го фатите за прослава на погодоците, тој и понатаму беше со истата брзина. Уште од неговите први тренинзи видовме дека тој е различен играч и оти многу ќе ни помогне.

-Се знаеше оти ќе биде голема ѕвезда, но она што најмногу ми го привлече вниманието беше неговата скромност, тој се однесуваше исто кон сите и секогаш се смееше и шегуваше, многу брзо се стекна самодоверба, -вели Оскар кој смета дека единствен играч кој може да се спореди со Роналдо е Лионел Меси.

-До доаѓањето на Меси, немав видено играч кој „вози“ со топката со таква брзина. Јас го имам видено само него и Меси. Имав среќа да имам многу одлични соиграчи, но без сомнение Роналдо е во првите три,-заврши тренерот на Селта Виго.

Де Лима одигра само една сезона во Барселона, но истата можеби беше и најдобра во неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни