Гарсија изведе индивидуална мајсторија, Македонија загуби на гостувањето во Шпанија (Видео)

España vs Macedonia

Селекторот на Шпанија го најави дуелот против Македонија како еден од најважните за пласман на Европското првенство, а ако се суди според пристапот на фаворитот на вечерашниот натпревар во Алкоркон, може да се заклучи дека „фуријата“ со максимален респект излезе на мегдан против избраниците на Милевски.

Шпанија како голем фаворит влезе во вечерашната пресметка на домашен терен, а работите станаа многу полесни за домаќините откако Ману Гарсија изведе индивидуална мајсторија по само 7 минути игра, што секако се покажа како проблем плус во така рана фаза на натпреварот. Сепак, младите надежи успеаја да се приберат и одлично парираа до крајот на првиот дел, а потоа еден несреќен момент на стартот на вториот дел и дефинитивно го сврте мечот во корист на домаќините.

Серафимов си постигна автоголо по само 2 минути игра во второто полувреме, а конечните 3:0 во Алкоркон ги постави Педроса на три минути пред истекот на регуларните 90 минути. Шпанија со оваа победа се зацврсти на првото место на табелата во групата, додека Македонија со седум освоени бода и натаму останува трета.

Facebook Коментари