Поврзете се со нас

Англија

Гарначо ја собра „Пушкаш“ наградата за голот со ножички против Евертон (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Алехандро Гарначо ја доби престижната „Пушкаш“ награда за најубав, односно најатрактивен гол во текот на годината, а до признанието стигна благодарение на атрактивната реализација на дуелот со Евертон.

Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед погоди со ножички и ги воодушеви фудбалските фанови, а во изборот на ФИФА стигнал и до најмногу гласови со кои стана еден од лауреатите во денот во кој ќе биде прогласен и фудбалерот на годината.

Голот на Гарначо имаше силна конкуренција во уште десет атрактивни погодоци, но освоил најмногу гласови и од фановите и од експертскиот панел чии гласови имале важна улога во носењето на конечната одлука.

Аргентинецот освоил 26 поени, а зад него се најдоа Јасин Бензија со 22 и Денис Омеди со 18 поени.

Изборот на најатрактивен гол се прави во периодот од август 2023 до август 2024 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни