Поврзете се со нас

Англија

Гарначо изнуди два пенали, Јунајтед им се врати на победите во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Манчестер Јунајтед издвојува победа над Евертон од 2-0 во премиерниот натпревар од 28. коло од англиската Премиер лигата.

Динамичен и возвудлив меч видовме на „Олд Трафорд“, пресметка на која можеа да паднат и повеќе голови, но на крајот како решевачки се покажаа два прекини, пенали кои се случија во првото полувреме.

Во главна улога беше аргентинскиот интернационалец Гарначо кој двапати беше фаулиран во казнениот простор на „карамелите“ и тоа во 12 и 26 минута.

При првата ситуација Фернандеш ја презема одговорноста и стрелаше за 1-0, додека потоа Португалецот топката му ја препушти на Рашфорд кој го надмудри сонародникот Пикфорд и ја зголеми предноста што се покажа како повеќе од доволна за освојување на трите бода.

Ова за „црвените ѓаволи“ беше 15. славје, вкупно 47 бод со кој се наоѓа на 6. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни