Свет
Гарбахоса избран за нов претседател на ФИБА Европа

Поранешниот шпански репрезентативец, Хорхе Гарбахоса од денеска е нов претседател на ФИБА Европа.
Делегатите, претставници на европските кошаркарски федерации денеска гласале за нов претседател на генералното собрание кое се одржува во Минхен, а Гарбахоса ја добил битката за најважната функција.
Противкандидат на Гарбахоса беше Французинот Жан Пјер Сиуте, а на крајот Шпанецот доби заверка на четиригодишен мандат на претседателската функција.
Гарбахоса е актуелен претседател на Шпанската кошаркарска федерација, а ќе го наследи Тургај Демирел, кој ја доби титулата почесен претседател во очи на своето заминување од функцијата.
Претставници на Македонската кошаркарска федерација во Минхен се претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски.
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 12 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Италијапред 9 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 10 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 8 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 5 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 13 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Себалјос покажа како изгледа неговата нога по крвничкиот старт од Акуња (Видео)