Поврзете се со нас

Франција

Гамеиро се збогува од Ла Лига и се врати во градот кој му ја донесе вистинската љубов (Видео)

Објавено

на

Кевин Гамеиро стави крај на извонредната интернационална кариера која ја изгради во Севилја, Атлетико Мадрид и Валенсија, бидејќи од вечерва и официјално е нов член на матичниот клуб од Франција.

Францускиот напаѓач остана без ангажман откако му истече договорот со Валенсија, па сега како слободен агент се врати во клубот во кој започнаа сите убави моменти. Гамеиро потпиша со Стразбур и се обврза на верност на две години, што најверојатно ќе значи и последен договор во неговата кариера која е на самиот залез.

Гамеиро го напушти матичниот клуб во 2008-ма година, успешно настапуваше во Франција и за Лориен и ПСЖ, па по интернационалната кариера на Пиринеите, сега по точно 13 години се враќа во Стразбур.

– Навистина сум горд што повторно ќе го носам овој дрес. Многу сум среќен за брзиот договор и носењето на овој дрес ми носи насмевка на лицето.

– Го следев клубот и во тешките моменти, Стразбур е мојот дом. Тука бев оформен, тука ги научив фудбалските вештини и тука беа првите професионални денови. Тука ја запознав и сопругата. Време беше да се вратиме, – изјави Гамеиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни