Италија
Галтие за ѕвездата на Интер: Не можам да ви кажам дали ќе дојде во овој преоден рок или на лето

Францискиот шампион, Пари Сен Жермен е на добар пат да обезбеди квалитетно засилување за наредната сезона, засилување од Серија А.
Се работи за членот на Интер, Милан Шкриниар кој одби да потпише нов договор со „нероаѕурите“, а со оглед на тоа што сегашниот му завршува на крајот на месец јуни тој може да преговара со било кој тим да потпише преддоговор.
„Светците“ се обидоа да го доведат во летниот преоден рок, Интер одби 60 милиони евра што на крајот ќе се покаже како лош потег затоа што сега најверојатно ќе го загуби без никакво трансфер обештетување. Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие меѓу редови веќе го најави доаѓањето со Словакот со тоа што по се изгледа отворена е опцијата тоа да се случи и во актуелниот преоден рок.
-Ги видов информациите што беа во весниците, но не можам да кажам дали ќе дојде на овој „прозорец“ или во текот на летото. Не можам да ви го кажам тоа. Директорите работат на тоа и морам да останам концентриран на играчите, -порача Галтие.
Милан исто така беше поврзуван со Тотенхем, Челси и уште некои други клубови.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)