Поврзете се со нас

Франција

Галтие: ПСЖ преговара со Меси

Објавено

на

Фото: twitter.com/PSG_English

Најавите дека Барселона започнала преговори за враќање на Лео Меси на „Камп Ноу“ ја префрлија топката кај неговиот актуелен клуб ПСЖ.

Тренерот Кристоф Галтие морал да ја коментира информацијата пред новинарите, истакнувајќи дека францускиот првак не се откажува од продолжување на соработката со Аргентинецот.

– Меси има своја позиција, од друга страна тука е и позицијата на клубот.

– Двете страни водат преговори, а одлуката и условите се тајна, – изјавил Галтие.

Галтие најавил дека со спортскиот директор Луис Кампос веќе размислуваат за засилувања за следната сезона, додека една од желбите е задржување на Меси чиј договор истекува во јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни