Поврзете се со нас

Франција

Галтие потврди дека ПСЖ бара солуција за две „непотребни“ ѕвезди

Објавено

на

Фото: twitter.com/PSG_English

ПСЖ полека го комплетира составот според приоритетите на новиот тренер Кристоф Галтие, а тој денеска навестил заминување на двајца фудбалери.

Францускиот првак се подготвува за втората рунда од првенството, а Галтие зборувал за Мауро Икарди и Кејлор Навас.

– Ќе ангажираме уште еден фудбалер, Калимуендо ќе оди во Рен, додека засега се уште бараме солуција за Мауро Икарди, рекол Галтие, споменувајќи го Аргентинецот за кого наводно се заинтересирани Монца и неговиот поранешен клуб Сампдорија.

– Навас не сака да биде втор избор зад Донарума, знам дека повеќе клубови се интересираат за него, – истакнал Галтие.

Навас според шпекулациите е блиску до Наполи, а медиумите навестуваат дека може да биде вклучен во трансферот на Фабијан Руиз во ПСЖ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни