Поврзете се со нас

Франција

Галтие по триумфот на ПСЖ: Кога Меси се смее…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ оствари убедлива победа над Клермон на стартот на новата сезона во домашното првенство, па и тренерот Кристоф Галтие бил презадоволен од тоа што го видел на теренот.

Новиот предводник на ПСЖ ја искоментирал и главната разлика во играта, а тоа е што неговите фудбалери не го намалија темпото и кога веќе имаа убедлива предност.

– Задоволен сум од победата, но посебно и од високото ниво на интензитет кое го задржавме цел натпревар. Игравме пресинг во обид што побрзо да ја вратиме топката во свој посед, ова е елемент за кој разговаравме со фудбалерите и иако се работи за само еден натпревар, изгледаше одлично, – рекол Галтие.

Лионел Меси забележливо ја имаше топката во свој посед почесто, а очигледно тоа е договорот за позицијата со новиот тренер.

– Разговарав со Лео, како и со нашите дефанзивни фудбалери, а главна цел е тој да се чувствува покомотен. Тој знае каде треба да застане, сака да биде на тој дел од теренот и сака да има играчи околу себе. Кога Меси се смее, насмеан е и целиот тим, – рекол тренерот на ПСЖ.

Ова го може само Лео: Цел противнички стадион извикуваше само едно по магијата на Меси (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни