Поврзете се со нас

Франција

Галтие огорчен од случувањата во Ница: Мојата мајка боледува од рак и има 83 години…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ успеа да слави на гостувањето кај Ница и ја прекина низата од два порази во Лига 1, но овој натпревар доби посебно внимание и поради врската која ја има Кристоф Галтие со клубот од „Алијанц Ривиера“.

Галтие пристигна во редовите на ПСЖ токму од Ница кадешто заврши извонредна работа минатата сезона, но наместо благодарност, од домашните навивачи доби само погрдни пораки и еден транспарент кој посебно го налути искусниот стручњак.

Тренерот на ПСЖ беше очигледно нервозен по последниот судиски свиреж и отиде да слави пред најжестоките навивачи на Ница, чие однесување жестоко го осуди и на прес-конференцијата.

– Зошто реагирав бурно? Видовте ли што имаа напишано? Слушнавте ли што пееја? Мојата мајка има 83 години и боледува од рак, а тие ја вреѓаат неа со транспарент.

– На крајот им се заблагодарив за ваквиот пречек. Тие луѓе треба да знаат дека Ница игра во Европа благодарение на мојата работа минатата сезона. Треба да им биде јасно дека таму ги однесовме јас и мојот стручен штаб, – нервозно порачал Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни