Поврзете се со нас

Франција

Галтие: Нема да ја прославиме титулата, сите сме многу потресени

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ ја завери титулата во домашното првенство минатиот викенд со ремито против Стразбур, но наместо да се подготвува да слави трофеј, сите во клубот со мислите се само на едно место.

Кристоф Галтие на денешниот прес потврди дека Лионел Меси ќе го одигра последниот меч на „Паркот на принцовите“ против Клермон, но исто така им соопшти на сите дека нема да има шампионска прослава по крајот на натпреварот.

Причина за тоа е големата трагедија која се случи во Шпанија, а по која голманот Серхио Рико се бори за живот и веќе неколку дена е во седативна состојба и приклучен на апарати.

– Нема да има никакво славје за титулата, зад нас е многу тешка недела. Сите сме многу потресени од тоа што се случи со Серхио. Ние стоиме обедините и испраќаме само позитивни бранови до Серхио, неговата мајка, неговата сопруга и сите најблиски.

– Минатата сабота ја освоивме титулата, прославивме со некое шампањско, но во неделата имавме најлошо будење. Играчите постојано прашуваат за неговата состојба, но мора да веруваме и да имаме надеж. Тој е големо момче и се бори, мора да веруваме во животот и во медицината, – изјави Галтие.

Семејството на голманот на ПСЖ со детали за страшниот инцидент: Серхио е во најдобри раце (Фото)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни