Франција
Галтие му одговори на Мбапе: Анализата му е коректна, но…..

Килијан Мбапе порача дека има поголема слобода во француската фудбалска репрезентација и дека тој стил на игра повеќе одговара на неговите карактеристики, изјава која експресно предизвика лавина од реакции во јавноста, која сега побара одговори и од тренерот на ПСЖ.
Кристоф Галтие денеска се соочи со француските новинари во пресрет на возбудувањата кои следат во Лига 1, па иако нагласи дека анализата која ја направи Мбапе е коректна, сепак не се согласува околу слободата во играта.
– Неговата анализа околу позицијата беше коректна. Точно е дека не игра исто за ПСЖ и за репрезентацијата. Во дискусијата која ја водевме за време на пресезоната со претседателот и директорот Кампос, воочивме како сакаме да изгледа структурата на нашиот напад. Бевме убедени дека ни треба и четврти играч со различни карактеристики, но за жал, тој четврти играч не дојде.
– Килијан има на кого да се потпре како пивот во репрезентацијата, таму игра Жиру. Ние имаме поинаков стил на игра, имаме други профили на играчи.
– Што се однесува до слободата во игра, не верувам дека има помалку слобода кај нас. Со Жиру во Франција има играч кој му отвора простор по страна, тука во ПСЖ немаме таков профил. Но, ги имаме Лео и Нејмар и доволно се интелигентни за да се пронајдат меѓусебно во поинаков вид акции, – вели Галтие.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција