Поврзете се со нас

Франција

Галтие донел прва важна одлука и ја решил дилемата „Донарума-Навас“

Објавено

на

Кристоф Галтие беше претставен како нов тренер на ПСЖ пред неколку дена и експресно најави дека нема да смета на фудбалери кои не гледаат себеси во проектот, но најави дека ќе мора да донесе и тешки одлуки за доброто на тимот.

Како што јавува угледниот „Лекип“, една од нив е веќе донесена, а се работи за најголемата дилема која ја имаше Маурисио Покетино изминатава натпреварувачка сезона.

Галтие имал состанок со Џиџио Донарума и Кејлор Навас и двајцата ги известил дека прв избор ќе биде Италијанецот, што во превод значи дека Костариканецот ја доживува судбината од Реал Мадрид.

Кејлор тогаш си замина од Реал бидејќи Зидан се одлучи за Тибо Куртоа, а ова лето дефинитивно ќе направи трансфер од ПСЖ, бидејќи и одлуката на Галтие е иста како онаа што ја имаше донесено Покетино, кој сепак не остана како лидер на стручниот штаб.

Главниот оперативец Кампос ја поддржал одлуката на тренерот Галтие и двајцата во Донарума гледаат решение за многу години, а откако претходно беше најавено дека нема да се повтори минатата сезона во која двајцата голмани ја делеа минутажата, Кејлор сега ќе мора да си бара нова средина и нов сериозен клуб по Реал и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни