Поврзете се со нас

Италија

Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Натпреварот меѓу Монца и Јувентус донесе драматична завршница, во која домаќините барем за момент помислија дека обезбедија важен бод.

Гостинската екипа водеше уште од почетокот на средбата и тоа со голот на Рабио, но во добар дел од второто полувреме ја препушти иницијативата на Монца, која го искористи тоа за погодок во 91. минута.

Домаќините еуфорично го прославија погодокот на Карбони со своите фанови, а најдалеку отиде некогашниот играч на Интер, Роберто Галјардини.

Тој реши да му потсмева во лице на Рабио за промената на резултатот, но се чини само дополнително го мотивираше Французинот, кој по само две минути одработи одличен пробив по десната страна и му асистираше на стрелецот Гати за конечни 1:2.

Рабио не заборави да му одговори на Галјардани по голот на Гати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни