Поврзете се со нас

Италија

Галијани со еден збор го опиша Пирло и додаде: Андреа не беше како Роналдињо

Објавено

на

Легендарниот оперативец на Милан, Адријано Галијани се уште работи како директор и десна рака на Силвио Берлускони, овојпат во проектот на Монца која има сериозни планови за во блиска иднина на фудбалската сцена на Апенините.

Пред да се случи такво нешто, Галијани редовно ги следи случувањата и во италијанската елита, во која во последните денови топ тема е тренерскиот ангажман на незаборавниот играч за врска, Андреа Пирло.

Пирло беше претставен како нов тренер на Јувентус во ситуација кога Сари заработи отказ по елиминацијата во Лигата на шампионите, па на сите позитивни коментари, сега се надоврза и Галијани кој порача дека отсекогаш знаел дека Андреа еден ден ќе стане тренер.

– Пирло веќе беше тренер додека беше играч. Се гледаше дека ќе биде тренер. Ако треба да го опишам Пирло со еден збор, тоа ќе биде „интелигентен“. Овој епитет комплетно го опишува него. Постојано сакаше да учи, ги студираше противниците. Гледаше против кого играме, теренот на кој ќе играме, сите можни ситуации. Сигурен сум дека ќе му оди многу добро во Јувентус, – изјави Галијани кој во продолжение направи и една интересна споредба.

– Пирло не беше како Роналдињо. Бразилецот беше комплетен контраст, не ни знаеше против кој играме истиот ден, не го интересираше. Наредниот ден, веќе забораваше против кого сме играле. Тоа не беше воопшто важно за него, – објаснува Галијани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни