Поврзете се со нас

Италија

Галијани разочаран од судиите во Серија А: Ако ова му се случеше на некој поголем клуб…

Објавено

на

foto: x.com/ACMonza

Адријано Галијани не го премолчел вчерашниот контроверзен момент на дуелот меѓу Монца и Милан, па идентично како и тренерот Алесандро Неста, смета дека судиите му „украле“ гол на вчерашниот домаќин.

Првиот човек на Монца потсетил дека на неговиот тим истото сценарио му се случи и на натпреварот со Аталанта, за кој Неста истакнал дека подоцна добил извинување за погрешната проценка. Голот на Мота е поништен поради прекршок на Бондо над Тео Ернандес во текот на акцијата.

– Ова е втор регуларен гол кој ни е неправилно поништен за само неколку дена.

– Ако му поништеа два гола на некој поголем клуб, којзнае што ќе се случеше, луѓето ќе зборуваа за тоа долг период. Но, кога ќе и се случи на Монца, сите веднаш забораваат.

– Без разлика на епилогот, горд сум на Монца која против Аталанта и Милан беше рамноправен противник на теренот, – рекол лутиот Галијани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни