Поврзете се со нас

Италија

Галијани откри непознат детаљ: Перез го купи Зидан затоа што ние му ја одбивме понудата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Адријано Галијани во моментов е прв оперативец на Монца, но во најголем дел од својата кариера во фудбалот беше најблизок соработник на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони.

Галијани во последното гостување на фудбалски фестивал во Тренто зборувал за интересни детали од периодот кога беше одговорен за трансферите на „росонерите“, откривајќи и една понуда на Реал Мадрид.

– Флорентино Перез седеше до мене и ми понуди 110 милијарди лири за Шевченко, тоа се случи на денот на финалето на Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Валенсија.

– Ми порача дека ако не му го продадеме Шевченко, попладнето ќе оди во Торино и ќе го договори трансферот на Зинедин Зидан. Му се јавив на претседателот (Берлускони), а тој ми рече да ја одбијам понудата, – открива Галијани.

Тоа лето Реал Мадрид го ангажираше Зидан од Јувентус за 150 милијарди лири (околу 77,5 милиони евра).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни