Поврзете се со нас

Италија

Галијани најави: Голема легенда на Милан ќе биде тренер на Монца во новата сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Монца е во потрага на нов тренер по крајот на сезоната во Серија А, бидејќи на Рафаеле Паладино му истече договорот, а истовремено се наоѓа пред преселба во Фиорентина.

Клубот во кој извршен директор е Адријано Галијани планира да го затвори тренерското прашање уште во раната фаза на месец јуни и самиот оперативец тврди дека работита одат на добар пат, особено поради фактот што преговара со човек кој му е многу добро познат.

Галијани вечерва ги потврди шпекулации и најави дека нов тренер на Монца најверојатно ќе биде Алесандро Неста, легендарниот дефанзивец на Милан кој блескаше во ерата во која Адријано и Берлускони раководеа со клубот од „Сан Сиро“.

– Неста повеќе од веројатно ќе биде наш тренер во Монца. Тој треба да ги реши само обврсските кои ги има кон Реџијана, клуб кој е многу пријателски настроен кон нас.

– Според мое мислење, оваа тема брзо ќе се затвори. Во најскоро можно време Неста ќе стане наш тренер, – изјави вечерва Галијани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни