Поврзете се со нас

Италија

Галијани му се нафрлил на судијата кој го оштети Милан

Објавено

на

Адријано Галијани е актуелен директор на Монца, но има долга конекција со Милан, чиј прв оперативец беше во ерата на Силвио Берлускони.

Галијани сигурно останал фан на „росонерите“ и покрај тоа што води друг клуб од Серија А, а тоа го покажал и со потегот направен минатата сезона.

Паоло Малдини кој сега извршува директорска функција во Милан, им открил на медиумите една анегдота поврзана со Галијани, а се случила по контроверзно поништениот гол на „росонерите“ на дуелот со Специја минатата сезона.

Судијата Сера на почитуваше предност и му скрати гол за победа на Милан, а Галијани бил толку лут што решил сам да му го соопшти тоа на судијата.

– Откако Сера ни го поништи голот, беше делегиран да и суди на Монца во Серија Б, а Галијани влегол во соблекувалната и му рекол „Како смееш да направиш такво нешто?“.

– Судијата се бранел дека не направил ништо тој ден, а Галијани му рекол „Како смееше да го поништиш тој гол?“, алудирајќи на киксот на Сера претходното коло, – открил Малдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни