Поврзете се со нас

Италија

Галијани: Би го истепал Роналдињо, го обвинувам само за една работа!

Објавено

на

Адријано Галијани како еден од специјалните гости на „Газета“ на фудаблскиот фестивал во Тренто привлече големо внимание со своите изјави, па покрај тоа што говореше за првичната трансфер цел која ја имал Флорентино Перез пред да го ангажира Зинедин Зидан.

Легендарниот оперативец на Милан со себе носи безброј приказни и сега без проблем ги раскажува како извршен директор на Монца, но покрај откритието за Зидан, се најде во фокусот и поради коментарот кој го даде за Роналдињо и бразилските фудбалери.

– Да можам, би го истепал Роналдињо…..

– Беше неверојатно забавно да се гледаат Роналдињо и Роналдо во Миланело центарот. Имам само една забелешка за Роналдињо, го обвинувам за една работа. Тој едноставно беше премногу „бонвиван“, беше склон на уживање и лесен живот надвор од теренот, исто како многу други Бразилци.

– Ако не беше таков, ако не ја сакаше толку музиката, понежниот пол и ладните пива, можеше да „гази“ до 60 години. Истото важи и за Роналдо феноменот, за Адријано, па дури и Ривалдо. Класата на Роналдињо беше неверојатна. Ако Бразилците беа фокусирани како европејците, тие ќе ги освоеја сите Светски првенства. Зошто не е така, имаат само пет, – порачува Галијани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни