Поврзете се со нас

Македонија

Галевски: Мундијалот не претставува притисок, туку мотив плус за сите во тимот

Објавено

на

Фото: facebook.com/rfmofficial

Македонската ракометна репрезентација во полна пареа ги почна подготовките за Светското првенство, а третиот работен ден во Стара Пазова донесе изјава и од еден од најмладите во националниот тим.

Кирил Лазаров го селектираше Иван Галевски и реши да му даде предност пред Мартин Томовски, па така талентираниот чувар на мрежата се најде во конечниот список за Светското ракометно првенство во друштво на Митревски и Кизиќ.

Ова ќе биде огромен предизвик за младиот голман на Алкалоид, но секако и добра ракометна школа со оглед на тоа што ќе биде дел од еден ракометен мундијал.

– Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум.

– Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство, – гласи изјавата на Галевски од Стара Пазова.

Македонија се најде во групата во која сите натпревари ќе бидат одиграни во Вараждин, а наши противници ќе бидат селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни